
Во средара во Македонија ќе преовладува променливо облачно времес со сончеви периоди. Ќе дува засилен, повремено силен ветер (над 60 km/h) од југоисточен правец, особено долж Повардарието.
Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат поројни и проследени со ретки грмежи.
Утринските температурите се движат во интервалот меѓу 0 и 8, додеека највиоките дневни соодветно ќе бида од 12 до 19 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец, со максимална температура до18 степени.