Под слоганот „Маски, смеа, рингишпил- дојди во Шеговил!” Општина Кисела Вода, во понеделник, на први април, организира голема забава под маски за најмладите. Пред салата Расадник ќе биде поставен забавен парк со најразлични реквизити, ќе има кловнови и аниматори, а за музичкиот дел се задолжени “Поточиња”. Настанот започнува во 11 часот, а за изборот на најдобра маска ќе одлучи жири комисија од општината. Најдобрите маски ќе добијат награди!
„Ги покануваме сите дечиња да дојдат во Шеговил и со своите насмевки, шеги и маски да поминат еден прекрасен ден!, соопштија од Општината.