Од сите вили на поранешниот италијански премиер и политичар, Силвио Берлускони, во семејството ќе остане само онаа во Сан Мартино, од 3.500 квадратни метри, во градот Аркоре кај Милано, каде што ги помина тој последните денови од својот живот.
Берлускони почина лани во јуни, а сега неговите деца почнаа со продажба на недвижниоу имот.
Според италијанскиот весник „Ил соле 24 оре“, вредноста на повеќе од 100-те недвижности што ги поседувал Берлускони изнесува околу 800 милиони евра, а со нивната продажба треба да се олесни поделбата на наследството, а не поделбата на недвижностите.
– Сите имоти, станови и вили носат големи месечни трошоци за вода и за струја, кои само за три вили како онаа на Сардинија, потоа на езерото, Азурниот Брег и Бријанка надминуваат милион евра годишно – пренесува РТС.
Децата на Берлускони сакаат да ги продадат сите вили, освен премиерската резиденција во која живеел 50 години, вилата „Сан Мартино“, каде што се наоѓа семејниот мавзолеј.
Се продаваат и вилата „Чертоза“, огромна зграда на Коста Смералда, која чини меѓу 250 и 300 милиони евра, како и две вили на островите Антигва и Барбуда, кои беа планирани за продажба уште пред отворањето на тестаментот. На продажба се и „Гранде“ во древната Апија во Рим, вилата „Ла Лампара“ во Кана со 500 квадратни метри и со поглед на море, вилата „Кампари“ во Леза, на езерото Маџоре и вилата „Ту Палмс“ на островот Лампедуза. За оваа вила од 250 квадратни метри, економистот Џани Профита понуди три милиони евра.
Во книгата „Ил ранцоре е ла сперанза“, Бруна Веспа, најстарата ќерка Марина, претседателката на „Фининвест“, изјавила дека вилата „Сан Мартино“ треба да остане место каде што ќе се собира семејството.
– Нашиот татко ги сакаше животот, светлината, блискоста со луѓето. Вилата „Сан Мартино“ треба да остане таква каква што е, седиште на нашите деловни средби, но и место каде што се обединува семејството. Тоа ќе го сакаше и тој да беше жив – изјавила Марина.