Четворицата обвинетите како непосредни извршенили на терористичкиот напад во концернтата слака „Крикус Сити Хол“ крај Моксва минатиот петок во кој беа убиени 142 луѓе, во текот на сослушувањата изјавиле дека по нападот се упатиле кон Киев за да ја подигнат ветената награда, објави во петокот рускиот Истражен комитет на својот каналот на платформата за размена на информации Telegram.
„По инструкции на координаторот, откако го извршиле злосторството, терористите се возеле со автомобил кон руско-украинската граница за потоа да ја преминат и да пристигнат во Киев за да ја добијат наградата што им била ветена“, се вели во oбјавата.
Инволвираните во случајот во текот на дополнителните сослушувања отккао им беше одреден затворески притвор до 22-ри мај, рекле дека нивните дејствија и во фазата на подготовка и по нападот на концертната сала ги координирал одредено лице преку гласовни пораки на Telegram.
Истрагата продолжува да ги идентификува претставниците на украинските специјални служби вклучени во организирањето и финансирањето на терористичкиот напад, се додава во соопштението на руската истрага.
Претходно во петокот беше објавено дека терористите добиле „значителни суми пари“ од Украина, соопшти агенцијата за спроведување на законот, и покрај тоа што во првичните признаниеја дека им била исплатена само половината од ветената сума од 5.000 евра.
Инспекторите добиле „суштински докази“ дека осомничените добивале средства од Украина во форма на криптовалута, која потоа била користена за подготовка на терористичкиот напад, се вели во соопштението.
Полициските службеници идентификувале и привеле уште еден осомничен кој наводно бил вклучен во финансирањето на нападот, соопшти Истражниот комитет, без да го идентификува лицето.
Претходно, шефот на руската Федерална служба за безбедност (ФСБ), Александар Бортников, изјави за новинарите дека САД, Велика Британија и Украина можеби стојат зад нападот. Украинците можеби подготвувале „прозорец“ да се вратат преку границата, рече официјалниот претставник.
Четворицата осомничени сторители претходно беа идентификувани како радикални исламисти, регрутирани преку онлајн разговор, кој очигледно го водел огранок на Исламската држава (ИД, порано ИСИЛ) со седиште во Авганистан. Сепак, истражителите тогаш изјавија дека и покрај преземањето на одговорноста на групата за терористичкиот акт, друга страна, како што е украинската разузнавачка агенција, можеби била вмешана во заговорот.