Расте бројот на жртви во циклонот во Мадагаскар

Најмалку 18 лица загинаа, а четворица се повредени на Мадагаскар откако тропскиот циклон го погоди северниот дел на овој остров во Индискиот Океан, соопштија денеска локалните власти.

Циклонот Гамане го погоди северниот дел на Мадагаскар пред два дена и сега е значително ослабен, но претходно остави зад себе пустош, предизвикувајќи сериозни поплави, делумно потопување цели села, лизгање на земјиштето и раселување на населението, соопшти Националниот центар за управување со катастрофи.

Според центарот, околу 47.000 луѓе се раселени или на друг начин погодени од циклонот, а три лица се повредени по активирање на свлечиште.