Израелските војници ја напуштија болницата „Ал Шифа“ во Газа по двонеделна операција

Израелските сили се повлекоа од болницата „Ал Шифа“ во Газа по двонеделна операција во која тврдата ека убиле наводно палестински вооружени лица во судирите и заплениле оружје и разузнавачки документи, соопшти армијата во понеделникот, додека локалните медиуми јавуваат за големо уништување на болницата.

Во објавата се наведува и дека „чистењето“ на најголемата предвоена болница во енклавата е извршено „со спречување на повредвуање на цивилите, пациентите и медицинските тимови“.

Локалните медиуми јавија дека операцијата предизвикала голема штета на зградите на најголемиот медицински комплекс во Појасот Газа, пренесува dpa.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во неделата вечерта ја опиша операцијата во болницата „Ал Шифа“ како голем успех. Тој зборуваше за „прецизна и хируршка“ воена операција. „Повеќе од 200 терористи беа убиени, а стотици се предадоа“, рече Нетанјаху.

Според Израел, палестинската исламистичка организација Хамас наводно повторно воспоставила борбени и командни пунктови во голема област на болничкиот комплекс, откако израелската армија веќе упадна во болницата во ноември.

Израел го обвинува Хамас за систематска злоупотреба на медицинските установи за воени цели. Но Хамас и меѓународните хуманитарно организации го негираат тоа.