![penzioner penzioneri](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2023/11/penzioner-penzioneri.jpg?resize=696%2C464&ssl=1)
Поради лошите политики и игнорантскиот однос кон пензионерите власта на СДС и на ДУИ мора на изборите да биде поразена од граѓаните од Македонија и да се изберат национално определени лица кои ќе се грижат за пензионерите и за сите граѓани во државата, соопштија од Социјалистичката партија на Македонија, која додава дека го разбира незадоволството на пензионерите од последното усогласување на растот на пензиите за 5,3%.
– Власта на СДС и ДУИ упорно се фали дека тоа е раст на пензиите, но всушност е само делумно приближување до растот на инфлацијата и до растот на просечната плата што како модел не се покажа успешен и мора да се промени. Подолгото заостанување на растот на пензиите што го направи владата на СДС и ДУИ ги обезвредни парите на граѓаните кои со години уплатувале во пензискиот фонд. Пензионерите се осиромашени, навредени и гневни што нивниот опстанок е загрозен токму од лошите политики на власта која ги игнорираше нивните протести и барања, истакнаа
во соопштението од СПМ.
СПМ потенцира дека, поддржувајќи ги пензионерите повторно укажува дека е неопходна промена на моделот на пресметка на растот на пензиите што веќе е присутен во други држави, а заради пореметувањата што ги предизвика инфлацијата и игнорирањето на промените од страна на власта.