Иако пестицидите го штитат овошјето и зелечукот од инсекти, ако не се измијат добро, може да предизвикаат повраќање, дијареа и гадење. Кога купуваме сезонско овошје и зеленчук, се прашуваме дали се испрскани со хемикалии или не се. Дури и ако пазариме од познати маркети или продавачи на пазар, побезбедно е добро да се измие секое овошје и зелечук, бидејќи пестицидите што се користат за нивно лекување и растење, често можат да предизвикаат стомачни тегоби, дури и труење.
За да уживаме во свежата храна од пазарот, еве неколку корисни совети за тоа што да направиме пред да ја ставиме трпеза.
Раствор на сода бикарбона
Со потопување на плодовите во раствор од сода бикарбона 10-15 минути, а потоа со плакнење под млаз вода, речиси сите остатоци од пестициди се отстрануваат од нивната површина. За растворот, растворете една лажица сода бикарбона во литар вода. Во оваа смеса потопете го овошјето и зеленчукот и оставете ги да отстојат 15 минути.
Вода и оцет
За лиснатиот зеленчук, поефикасно и попрактично е да се користи раствор од вода со чаша оцет или сок од лимон. Оставете го да отстои 15-20 минути, а потоа исплакнете го секој лист под млаз вода. На овој начин можете да го измиете и младиот кромид.
Направете спреј од чаша вода и бел алкохолен оцет во шише со распрскувач, а потоа додадете една лажичка сода бикарбона. Почекајте да реагираат оцетот и содата, па затворете го шишето. Потоа, испрскајте го зеленчукот со овој раствор.
Пред употреба задолжително исплакнете го со ладна вода.