
„Здравјето е изборот, здрав начин на живот значи долг живот“, е новата кампања на Владата на Република Македонија која ќе се спроведува преку министерството за здравство и здравствените центри.
Според премиерот Никола Груевски, главната цел на оваа кампања е подигнување на јавната свест кај населението, како и учење на најмладите за значењето на здравиот начин на живот.
„Целта е да се подигне јавната свест за значењето на здравиот живот. Причината за спроведување на кампањата е бројот на смртни случаи кои се предизвикани изминатите години на годишно ниво. Во Македонија дури 80 отсто од смртните случаи се поради неводењето на здрав живот, односно не водењето на сметка за здравата исхрана, како и за физичката активност“, изјави Груевски.
Тој додаде дека со кампањата се опфатени сите возрасни категории, од најмладите во дестките градинки, до најстарите, пензионерите, како и хронично болните.
„Во градинките целосно ќе се менува менито, ќе биде вметната здрав храна, односно и оброци со овошје и зеленчук, меѓудругото. Исто и во исхраната во средните и основните училишта. Брзата храна и седењето пред компјутер или телевизор се само дел од нездравите секојдневни активности кои ги практикуваат младите“, додаде Груевски.
Министерот за здравство, Никола Тодоров, потсети дека веќе е изработен водич за изхрана на населението на Република Македонија. Целта на изработката на овој водич е унапредување на здравствената состојба кај жителите.
Новата кампања на Владата чини 456.117 евра без пресметано ДДВ.
Какви се препораките од докторите. Како треба да се храните за да бидете здрави?
За да се храните здраво потребно е дневно да внесувате помалку од 10 отсто заситени масни киселини
200 грама овошје поделено во неколку оброци
200 грама зеленчук поделено во неколку оброци
5 грама сол дневно
2 до 3 оброци риба неделно
физички активности опд 3 до 5 часа неделно
Поддршка и од македонските спортисти
Македонскиот маратонец, Томи Стефановски, заедно со уште неколку спортисти дадоа поддршка на кампањата „Здравјето е избор“.
„Модерното живеење носи многу болести кои не бираат пол, возраст и националост. Правилната исхрана и спортските активности треба да се секојдневие. Затоа е потребно да се менува совеста. Квалитетната храна, малку тренинг и многу љубов се клучот за долгиот живот“, рече Стефановски.