Значително е зголемен бројот на лица кои се придружуваат на руската војска по минатомесечниот терористички напад во Москва. Според денешното соопштение на руското Министерство за одбрана, од почетокот на годината повеќе од 100 илјади луѓе потпишале договори со руската војска, а само во последните 10 дена тоа го сториле најмалку 16 илјади лица.
„На интервјуата минатата недела во канцелариите за селекција во руските градови, мнозинството кандидати како главен мотив ја наведоа желбата да се одмаздат за загинатите во трагедијата на 22 март 2024 година во Московската област“, објави Министерството.
Најмалку 144 лица загинаа во масовното пукање и пожарот во концертната сала Крокус Сити Хол. Одговорноста за нападот ја презеде терористичката група „Исламска држава“.