Вучиќ: Девојчето Данка Илиќ е убиено

Убиено е двегодишното девојче Данка Илиќ по кое се трагаше 10 дена, а лицата кои го признаа делото се уапсени, соопшти српскиот претседател Александар Вучиќ во четврток.

„Имаме лоши вести… Данка Илиќ е убиена. Полицијата уапсила две лица кои го извршиле убиството и колку што разбрав и двајцата го признале делото“, изјави Вучиќ на вонредната седница на српската влада.