Односите со НАТО „на нула“, но Москва не бара конфликт

Односите меѓу Русија и НАТО се влошуваат, но Москва нема намера да влезе во конфликт со земја од НАТО, повтори рускиот заменик министер за надворешни работи Александар Груско во интервју објавено во четвртокот.

Во коментарите по повод 75-годишнината од НАТО, Грушко изјави за руската државна новинска агенција РИА дека односите „предвидливо и намерно“ се влошуваат, а сите канали на дијалог меѓу Москва и Алијансата, Вашингтон и Брисел се доведени на нивото на „критична нула“.

„Дали воениот блок е подготвен за отворен конфликт со Русија? Треба да ги прашате самите членки на НАТО. Во секој случај, ние немаме такви намери во однос на земјите-членки на алијансата“, рече Грушко.

Претседателот Владимир Путин ја започна својата „специјална воена операција“ во Украина во 2022 година, меѓу друготосојасно наведена цел да го спречи ширењето на влијанието на НАТО во близина на границите на Русија, откако САД и НАТО во декември 2021 година лесно го отфрлија предлогот на Москва да биде потпишан обврзувачки договор со кој ќе се гарантира безбедноста на Руската Федрација. Според предлогот на Москва, НАТО не треба прима повеќе земји на самите граници на Русија и стратешките бази со ракетно вооружување да ги повлече од териториите на источните земји членки на позициите до 1991 година.

НАТО тврди дека ѝ помага на Украина да се бори за опстанок соочени со руската агресија и дека го снабдува Киев со напредно оружје, обука и разузнавање. Од своја страна Москва посочува декавоени инструктроти на НАТО се постојано присутни во Украина попревратотво Киев во 2014 година и оти ја подготвувале украинската војска да изврши напад и етничко чистење во двата отцепени југоситочни региони населени со доминан тн орускоирускојазчно неселение.

Русија вели дека ова го прави НАТО де факто страна во конфликтот. Путин во февруари рече дека директен конфликт меѓу Русија и НАТО ќе значи дека планетата е на работ на Трета светска војна.