
Постои основано сомнение дека еден од двајцата уапсени за убиството на двегодишната Данка во Србија го задавил девојчето кое лежело на патот и плачело повредено од ударот на нивниот автомобил, тврди српски Информер.
Српските медиуми објавија и нивни фотографии. Според медиумите, тие двајца признале дека со службено возило ја усмртиле двегодишната Данка, по што нејзиното тело го фрлиле на дива депонија кај Бор.
Блиц пишува дека во службено возило на Водовод се откриени траги од крв кои овозможиле да се утврди што се случило.
„Според планот на работа на претпријатието, се знаело кој го возел автомобилот во критичното време, а со проверка на базните станици тоа е и потврдено. Осомничените се приведени и веднаш го признале убиството“, кажал извор за Блиц.
Еден од осомничените размислувал да го пренесат телото на Данка во село на 36 километри од Бор. Ова се случило откако мажите виделе како цела Србија е на нозе и трага по детето, пишува Информер.
„Еден од уапсените рекол дека ‘јас, соучесник, му реков дека ќе го ископа телото на малата Данка и ќе го сокрие во неговото село, кое е на 36 километри од Бор’. Тој наводно му рекол на другиот маж дека ќе го закопа телото до плевната. Таа трага полицијата синоќа ја проверуваше со специјално обучени кучиња, ископана е и претресена. Екстремно е непристапна, до неа се стигнува само со трактори. Локацијата е проверена, телото не е пронајдено. Се претпоставува дека телото се наоѓа на депонија и потрагата по Данка сè уште е во тек “, наведува Информер.
Исто така, двајцата мажи претходно биле приведени во полиција бидејќи нивното возило „фиат панда“ било фатено на камерите кои полицијата ги прегледувала. Мажите изјавиле дека немаат врска со исчезнувањето на Данка и биле пуштени од полицијата.
Но, тие биле многу сомнителни на полицијата и затоа полицијата и пожарникарите ги прекопувале атарите на селата и ги пребаруваа депониите, убедени дека ќе го најдат телото што го закопале.
За разлика од српската полиција која активно копаше и уште го бара телото на Данка покрај Старобањскиот пат кај Бор, соседите на С.Ј. од селото Лука и Д.Д. од селото Злот не се сомневале во мажите затоа што С.Ј. и Д.Д. работеле на депонија долги години.
Денеска С.Ј. и Д.Д. беа уапсени и го признаа делото. Ова го обзнани српскиот претседател Александар Вучиќ на седница на владата. И С.Ј. и Д.Д. посочиле дека го закопале телото на Данка од десната страна на патот, но не се сеќаваат точно каде го закопале велејќи дека во тој момент тие биле пијани.
Полицијата уште трага по телото.