Производството на чипови на „Intel“ трупа загуби

Американскиот технолошки гигант „Intel“ објави загуба во бизнисот со производство на чипови, откривајќи огромен јаз зад својот тајвански ривал, водечкиот светски производител на чипови „Taiwan Semiconductor Manufacturing“ (TSMC).

Одделот за производство на чипови во „Intel“ забележал оперативна загуба од седум милијарди долари минатата година, што претставува зголемување од 34,6 отсто во однос на 2022 година.

Компанијата вложи милијарди долари за да се врати на првото место на светската листа на производители, коешто во меѓувреме го презема TSMC. „Intel“ инвестираше вкупно 43,3 милијарди долари во производство на чипови до крајот на минатата година, наспроти 36,7 милијарди долари инвестирани до крајот на претходната година.

Планираат да инвестираат 100 милијарди долари во погони во нивната матична земја, сметајќи на стимулации предвидени со Законот за чипови. На крајот на март, американскиот претседател Џо Бајден објави дека ќе му додели на „Intel“ речиси 20 милијарди долари грантови и заеми за производство на чипови.

Извршниот директор Пат Гелсинџер изјави дека оперативната загуба ќе достигне врв оваа година, додавајќи дека тие треба да достигнат позитивна нула во околу 2027 година. Во 2023 година, тој дел од бизнисот генерирал приближно една третина од вкупниот нето приход на „Intel“.

До 2030 година, секторот на чипови треба да достигне бруто маржа од околу 40 проценти, што значи дека и на крајот од деценијат би заостанувал зад 53-те проценти на TSMC во четвртиот квартал од минатата година.

Само во четвртиот квартал од минатата година, приходот на тајванската компанија изнесуваше 625,5 милијарди тајвански долари (19,52 милијарди американски долари), надминувајќи го целогодишниот приход на одделот за чипови на „Intel“ од 18,9 милијарди долари.