Сончево со мала до умерена локална облачност

Во   Македонија во  петокот ќе преовладува  сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Утринските температури се  движат од 1 до 8, додека максималните  дневни ќе бидат во интердвалот меѓу   15 и 27 Целзиусови степени,

Во Скопје и околината денеска ќе биде сончево со мала облачност и со слаб ветер од северен правец. Температурата  ќе достигне до 26-от степен.