Познати се сите шест клубови кои изборија директен пласман во плеј-офот во Евролигата, додека битката за следните четири позиции кои водат во плеј-ин сѐ уште е отворена. Првите шест места ги обезбедија Реал Мадрид, Монако, Барселона, Панатинаикос, Олимпијакос и Фенербахче.
Првите шест места водат во плеј-офот, додека клубовите од седмата до 10-тата позиција ќе играат во плеј-ин за уште две места во четвртфиналето.
Кошаркарите на Партизан ја совладаа Алба во Берлин во 33. коло од Евролигата со резултат 94:83 и со тоа направија голем чекор кон десеттата позиција на табелата во Евролигата и пласман
„Црно-белите“ брилијантно го отворија мечот, водеа со 5:0, па 11:4, потоа Алба успеа да се врати (11:8, па 15:15), но на крајот од првата четвртина Зек Ледеј погоди од слободни фрлања враќајќи ја предноста на пет поени (20:15), а со „тројката“ на Алекса Аврамовиќ, Партизан по десет минути отидоа на дополнителни осум поени, 23:15.
Во втората четвртина Партизан го задржа водството, Алба во еден момент успеа да дојде до пет поени минус (32:27), но од тој момент Партизан тргна во серија од 13:2, па се чинеше дека „црно-белите“ лесно ќе го „скршат“ натпреварот.
Но на почетокот на третиот период Алба фати ритам, домашните не само што успеаја да ја намалат разликата на пет поени (58:53), пред Партизан, предводен од Ален Смаилагиќ, кој погоди за два, потоа за три, успеа да се откачи уште еднаш.
Тимот од Берлин последниот налет го имаше во последниот дел кога Бруно Кабокло направи неспортски фаул и Партизан прими два поена од линијата за слободни фрлања и „тројка“ за 72:67. Домашните имаа и неколку напади за дополнително намалување на предноста на Партизан, но ПиЏеј Даужер и Кевин Пантер погодија кога беше најважно, а потоа Џејмс Нанели се приклучи со неколку добри напади, погоди „тројка“ и од рекетот, а „црно-белите“ успеаја да стигнат до триумф.
Партизан има скор 15-18, а ги очекува дуел со Валенсија, но претходно навивачите ќе го следат дуелот меѓу Фенербахче и Жалгирис на кој ќе навиваат за турскиот претставник.
Во натпреварот од 33. коло Монако победи со 69:66 против Жалгирис. Тимот од Кнежеството на почетокот на последната четвртина водеше со 15 поени разлика (61:46), а потоа ја одбрани предноста, иако Жалгирис се доближи на само три коша заостанување.
Мајк Џејмс со 18 и Донатас Мотијејунас со 14 поени ги предводеа победниците, додека кај Жалигирис најефикасен беше Кинан Еванс со 17 поени.
Барселона на домашен терен го победи Макаби со 92:89 и исто така обезбеди продолжение во плеј-офот, но и Фенер, кој во петок ќе го игра натпреварот од 33. коло.
Барса ја предводеа Алекс Абринес и Јан Весели со по 17 поени, а кај Жалгирис најефикасен беше Вејд Болдвин со 22 поени.
Олимпијакос во неизвесен меч во Белград ја победи Црвена ѕвезда со 89:86.Мозес Рајт со 20 поени ги предводеше гостите до 21. победа, а Томас Вокуп и Костас Папаниколау додадоа по 12 поени. На спротивната страна најефикасни беа Адам Ханга и Џоел Боломбој со по 19 поени.
РЕЗУЛТАТИ:
Во четврток:
Црвена ѕвезда – Олимпијакос 86:89
Монако – Жалгирис 69:66
Алба Берлин – Партизан 83:94
Барселона – Макаби Тел Авив 92:89
Валенсија – Асвел Вилурбан 69:98
Во петок:
Фенербахче – Анадолу Ефес
Баерн Минхен – Панатинаикос
Емпорио Армани Милано – Виртус Болоња
Реал Мадрид – Басконија
ТАБЕЛА:
1. Реал Мадрид 32 26 6 2769-2524
2. Монако 33 22 11 2681-2586
3. Барселона 33 23 11 2740-2616
4. Панатинаикос 32 21 11 2586-2430
5. Олимпијакос 33 21 12 2574-2457
6. Фенербахче 32 20 12 2694-2557
————————————————- ——————-
7. Макаби Тел Авив 33 19 14 2877-2853
8. Виртус Болоња 32 17 15 2562-2619
9. Басконија Виторија 32 16 16 2657-2683
10. Анадолу Ефес 32 15 17 2689-2720
————————————————- ——————-
11. Партизан 33 15 18 2703-2736
12. Армани Милано 32 14 18 2469-2464
13. Жалгирис Каунас 33 14 19 2632-2628
14. Валенсија 33 14 19 2512-2595
15. Баерн Минхен 32 13 19 2444-2553
16. Црвена ѕвезда 33 11 22 2709-2716
17. Асвел Вилурбан 33 8 25 2572-2789
18. Алба Берлин 33 5 28 2516-2860