Вчерашниот митинг во Скопје покажа дека Македонија има енергија, една многу убава, позитивна енергија. Го слушнавме крикот на народот, крик за промени. Промени кои што ќе донесат одговорност за елитите кои што ја донесоа оваа држава во калта односно ја донесоа во ќор сокак, напиша на Фејсбук, Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и носител на Изборна единица 3.
„Промени кои што ќе донесат нова иднина односно нова надеж за сите граѓани во Македонија.
Вчерашниот митинг покажа дека Гордана Силјановска Давкова треба да биде претседател на Република Македонија, лидер кој што и ќе работи по принципи и лидер кој што ќе носи европски вредности. Затоа ве повикувам сите на 24 Април масовно да излеземе и да го заокружиме бројот 2 за Гордана Силјановска Давкова“.