Поради можни напади од Иран на Блискиот Исток, САД се во состојба на зголемена готовност

САД се наоѓаат во состојба на зголемена готовност поради можен напад од Иран врз израелски или американски објекти во регионот, како одговор на нападот на Израел на иранската амбасада во Сирија, соопшти синоќа извор во Белата куќа.

-Точно е тоа дека се наоѓаме во состојба на зголемена готовност, изјави извор кој потврди претходно соопштение од Си-Ен-Ен дека нападот може да се случи во текот на идната недела.

Во бомбардирањето на иранската амбасада во Дамаск загина високо позициониран командант на силите „Кудс“ како и неколку ирански воени советници.

Иран претходно соопшти дека си зема за право на „решителен одговор“ на бомбардирањето на Израел на иранската амбасада во Дамаск.