Попладнево пожар во гаражите на трговскиот центар „Ист гејт мол“

Попладнево избувна пожар во гаражите на „Ист гејт мол“, по што пожарникарите пристигнаа во трговскиот, по што следуваше евакуација на посетителите. Дел од нив, наместо да бегаат се упатиле во гаражите, за да ги спасат своите автомобили.

Паркингот во „Ист гејт мол“ има четири влеза, а капацитетот е 2.000 возила. Со оглед на тоа дека е викенд, повеќето места се зафатени.

Денешниот пожар е само еден од низа инциденти што се случија во овој трговски, откако претходно беше поплавен, па имаше обид за убиство и пукање, како и пожар во една од сендвичарите во делот за храна.