Додека цела Србија се прашува каде е телото на девојчето, тоа останува непознато бидејќи осомничените за убиството на Данка Илиќ уште молчат каде го сокриле.
Вниманието на јавноста и властите сега е насочено кон најнепристапниот терен во источна Србија, Кањонот Лазарев.
Како што пренесува Блиц, полицијата отишла на Новите гробишта во селото Злот, каде ќе ископува различни делови од таа територија во потрага по телото на двегодишното девојче.
Да потсетиме, од тоа село потекнува сега починатиот соучесник кој е осомничен дека му помагал на својот брат, првоосомничениот Дејан, кој управувал со автомобилот на кој налета девојчето кобниот ден.
Тоа што со сигурност го знаеме е дека мајката на двајцата осомничени ќе биде сослушана и во Вишото јавно обвинителство во Зајечар, а нејзината приказна можеби ќе биде значаен дел од оваа загатка и истрага кога станува збор за откривање на локацијата на телото на двегодишната Данка Илиќ.