Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Пренџов преку статус на Фејсбук оцени дека претседателот на заминување Стево Пендаровски искажува нервоза чувствувајќи дека ја нема поддршката кај граѓаните.
„- Стево изгуби тло под нозе. Нервозен е, очаен. Веќе не знае што зборува. Ова е излив на мизогинија. Ги потценува жените, ја навредува професорката Силјановска. Не може да го поднесе фактот дека нема поддршка кај народот. Едноставно, граѓаните едвај чекаат да дојде 24 април и 8ми мај и да го пратат на буништето на историјата заедно со неговите од СДС и нивните газди од ДУИ.
– Силјановска е интелектуален џин за Стево Пендаровски. Тој тоа многу добро го знае и истото го искуси неколку пати на неколкуте дебати во 2019 година. Ова сега, е лечење фрустрации и комплекси. Силјановска е следниот претседател на Македонија и сите ќе се гордееме со изборот. Стево пак, ќе остане запаметен како најбезличниот претседател кој Македонија некогаш го имала“, стои во неговиот пост на Фејсбук