Германската полиција привела жител на градот Хале, под сомнение дека наводно подготвувал терористички напад со екстремно десничарско потекло, објавија во средата германските медиуми.
„При претресот на станот на уапсениот, најдовме материјали кои укажуваат дека уапсениот има презир кон луѓето кои не се вклопуваат во неговите светогледи“, изјави државниот правобранител Денис Чернота за регионалниот јавен сервис MDR.
Државното правобранителство соопшти дека 36-годишниот маж бил приведен уште изминатиот викенд откако од прозорецот на неговиот станизвикувал расистички пароли и се заканувал со оружје. Во таа прилика била пронајдена и експлозивна направа која била „подготвена за употреба“.
„Поаѓаме од фактот дека осомничениот имал намера да убие и повреди други луѓе со оваа направа“, соопштија од обвинителството.
Полицијата во моментов истражува дали осомничениот делувал сам или како дел од десничарска екстремистичка група.
Како што понатаму известува MDR, населбата на Хале во која живеел осомничениот е позната по тензиите меѓу староседелците и доселениците од Африка