Руските сили извршија бран силни напади со висока прецизност врз украински енергетски и нафтени постројки низ целата земја, соопшти Министерството за одбрана.
Нападот е извршен како одмазда за нападите на руска територија, изјавија официјални лица.
Во соопштението во четвртокот, руското министерството соопшти дека во нападот од големи размери во текот на ноќта учествувале со оружје со долг дострел од воздух и море, како и со беспилотни летала.
Тоа е „како одговор на обидите на режимот во Киев да ја оштети руската индустрија за нафта и гас и енергетските капацитети“.
„Целите на нападот се постигнати. Сите објекти се погодени“, се вели во соопштението.
Официјални лица додадоа дека нападот ја нарушил работата на украинските претпријатија ориентирани кон одбраната, истовремено попречувајќи го трансферот на војници и снабдувањето со гориво за единиците на фронтот на Киев.