Спасени се сите лица кои беа заробени на жичарницата во Анталија

Успешно заврши операцијата за спасување на заробените лица во кабините на жичарницата, каде претходно се случи несреќа во која загина едно лице.

До несреќата дошло кога еден од потпорните столбови паднал и удрил во кабината, која пак паднала од огромна височина. Седум лица се повредени и едно почина поради повредите.

После речиси 24 часа, сите 174 лица кои беа заробени во 24 кабини се конечно спасени. За операцијата биле употребени седум хеликоптери кои мработат и во услови на ноќ.