Израел ја одложи инвазијата на Рафах по иранскиот напад

Израел, наводно, одлучил да ја одложи својата воена офанзива во градот Рафах во јужниот дел на Газа, по иранскиот напад врз Израел викендов.

ИДФ требаше да започне со издавање наредби за евакуација во понеделник, јавува Си-Ен-Ен, цитирајќи два неименувани израелски извори. Тие планови се стопирани.

Израелскиот јавен сервис „КАН“ го објави истото синоќа, но партијата Ликуд на премиерот Бенјамин Нетанјаху објави демант.

Нетанјаху неколку пати тврдеше дека одобрил планови за операција во Рафах, а неодамна изјави дека веќе е одлучено и за датум. Но, неколку часа подоцна, министерот за одбрана Јоав Галант му рече на својот американски колега Лојд Остин дека не е одреден датум бидејќи ИДФ сè уште работи на финализирање на своите планови за тоа како ќе евакуира околу 1,4 милиони Палестинци кои се засолнети во Рафах.

Министрите не се согласуваат околу одговорот на Израел на иранскиот напад

Министрите на израелскиот кабинет не се согласуваат околу времето и опсегот на израелскиот одговор на иранскиот напад во неделата. Министрите Бени Ганц и Гади Ајзенкот се залагаа за контранапад дури и пред иранските беспилотни летала и проектили да стигнат до Израел.

Премиерот Бенјамин Нетанјаху, министерот за одбрана Јоав Галант и министерот за стратешки прашања Рон Дермер се спротивставија како и началникот на Генералштабот. Тие сметаат дека таквиот одговор е премногу ограничен, во споредба со другите опции за кои се дискутирало деновите пред нападот.

„Немаше смисла да се одговори пред да се дознае исходот од нападот на Иран“, изјавија официјални лица кои биле присутни на дискусиите, објавија израелските медиуми.
Тие додадоа дека ако Иранците успеале да предизвикаат вистинска штета, раниот израелски одговор би бил премногу ограничен, и ако нападот не успеал, Израел ќе имал минимален легитимитет да одговори подоцна.

Според израелски официјални лица постоел консензус дека Израел мора да одговори на ист начин, на напад на Иран. На крајот, сите се согласиле да чекаат пред да се донесе каква било одлука за напад.

Постојат можни сценарија кои се разгледуваат, во услови на разговор со Американците. „Во моментов сме категорични дека мора да одговориме“, вели висок функционер. „Прашањето е како да го направиме тоа на најефикасен начин и со меѓународен легитимитет.
Израел се воздржа од напад на Иран затоа што САД сметаа дека високата стапка на пресретнување на ракетите и дроновите е израелска победа. Официјален претставник на Белата куќа рече дека САД нема да поддржат или да се приклучат на израелски контранапад.
Нетанјаху му рече на американскиот претседател Џо Бајден дека мора да стори сé за да ја одбрани својата земја и народ, што може да биде показател дека ќе инсистира на израелски одговор.