![erdogan](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/09/erodgan.jpg?resize=696%2C435&ssl=1)
Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, изјави дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговата влада се единствено одговорни за ескалацијата на тензиите на Блискиот Исток.
Израел се обидува да предизвика регионален конфликт, а неговиот напад врз иранската амбасада во Дамаск беше последната капка, изјави Ердоган на прес-конференција во Анкара по состанокот на владата.
Ердоган додаде дека се можни нови регионални конфликти сè додека продолжуваат „суровоста и геноцидот“ во Газа и ги повика сите страни да дејствуваат разумно. Тој, исто така, го критикуваше Западот што го осуди иранскиот, но не и израелскиот напад врз иранската амбасада.