
Во Македонија во средата ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Наместа, особено попладне, ќе биде нестабилно со пообилен пороен дожд, грмежи и силен ветер (над 70 км/час), локално во форма на невреме.
Утринските температури се движат во интервалот меѓу 7 и 13, додека соодветно највисоките дневни ќе бидат од 9 до 23 Целзиусови степени.
Во Скопје иколината денеска исто така ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурата ќе достигне до 20-от степен