Во дополнителниот натпревар, Њу Орлеанс Пеликанс го обезбедија своето место во НБА плеј-офот победувајќи ги Сакраменто Кингс со 105:98 на домашен терен, а истото го направија и кошаркарите на Мајами Хит кои на домашен терен ги совладаа Чикаго Булс со 112:91.
Шест играчи на Пеликанс постигнаа двоцифрен број поени, најмногу Брендон Инграм (24), додека Јонас Валанчиунас придонесе со „дабл-дабл“ учинок (19 поени, 12 скокови). Од друга страна, Де’Арон Фокс (35) беше најефективниот играч на мечот за Кингс.
Њу Орлеанс, кој настапи без повредената ѕвезда Зион Вилијамсон, ќе се соочи со првопласираниот на Западот, Оклахома Сити Тандер во првото коло од плејофот.
Мајами го чека и првиот носител на источниот дел од лигата, Бостон Селтикс. Тимот од Флорида во плејофот се пласираше без повредените Џими Батлер, Тајлер Хиро (24 поени, 10 скока, 9 асистенции) и дебитантот Хамес Јакез Јуниор (21), беа најдобри играчи на минатогодишните финалисти во лигата.