Вучиќ ѝ се „заблагодари“ на Македонија што е коспонзор на резолуцијата за Сребреница

Српскиот претседател Александар Вучиќ во гостување на телевизијата Пинк изјави дека Македонија е еден од коспонзорите на резолуцијата за прогласување на 11-ти јули како Меѓународен ден за сеќавање на геноцидот во Сребреница. Српскиот претседател рече дека овој став на Македонија се заснива, пред сѐ, „на одлука на албанското раководство во земјата“.

„Но, сосема е сеедно кое раководство ја донело одлуката. Станува збор за Северна Македонија. Им ‘благодариме’ на тоа, веројатно заслуживме со се она што го направивме за пријателството со Северна Македониј’а, изјави Вучиќ.

Вучиќ смета дека предлогот на резолуцијата за геноцид во Сребреница за која ќе се изјаснува Генералното собрание на Обединетите Нации е идеја на Германија која била подржана од најмоќните членки на НАТО, вклучувајќи ја и Америка, но дека резултатот на гласањето нема да биде таков како што очекува западот.

„Тие очекуваат дека западниот блок со поддршка на исламските земји ќе им обезбеди сигирно мнозинство и со тоа да и зададат дополнителен удар на Србија.

„Но отпорот во ОН станува се посилен и нема да има толку гласови за резолуцијата на кои се надева западот, порача Вучиќ.