Израелската полиција соопшти дека уапсила две лица откако автомобил удри во пешаци во Западен Ерусалим, при што беа повредени три лица.
Полицијата соопшти дека двајцата осомничени биле пронајдени откако побегнале од местото и се сокриле во близина на затворен бизнис.
Снимката од инцидентот снимена со камера за видео надзор и емитувана од израелските медиуми покажува како автомобил удира тројца Евреи. Две лица излегуваат од автомобилот со пиштол и се чини дека се обидуваат да пукаат, но набрзо исчезнуваат од кадарот на камерата.
Локалната полиција претходно соопшти дека „утринава околу 8 часот е добиена пријава за сообраќајна несреќа и повредени тројца пешаци на улицата Течелет Мордехај во Ерусалим“.
– Терористите со својот автомобил налетале на пешаците, а потоа излегле од возилото и го впериле оружјето кон пешаците, но потоа побегнале и го фрлиле оружјето што го имале, соопшти полицијата на Ерусалим.