
Руската војска ја погодила телевизиската кула во источниот град Харков, втор по големина во земјата, во која биле сместени комуникациските системи за противвоздушната одбрана на украинската армија, пренесува руската новинска агенција РИА повикувајќи се на лидерот на проруското движење во харковската област.
„„Во 16,36 часот (по локално време) беше нанесен удар врз телевизиската кула во Харков, која се наоѓа на улицата ‘Деревјанко’, беше откината третина од кулата, на неа имаше комуникациска антена за противвоздушната одбрана“, рекол Сергеј Лебедев.
Додал дека сега системите за противвоздушна одбрана во Харков функционираат на минимално растојание и не се меѓусебно поврзани.
Телевизиската кула висока 240 метри во Харков се преполовила и се урнала во понеделникот, откако, како што соопштија локалните власти кои претходно известија за две силни детонации, во руски ракетен напад врз телевизиската инфраструктура.
Сигналот за емитување е нарушен во вториот најголем украински град во кој до превратот во 2014 година и пред почетокот на руската инвазија во февруари 2022 година живееше мнозинско руско и рускојазично население.
Последните седмица Харков е под силни ракетни руски удари со проектили со висока прецизност. Како што наведува руското Министерство за одбрана, цел на ударите се позиции на украинската армија, локации на кои се групирани странските платеници и странски офицери, командни центри, индустриски погони и енергетска инфраструктура која ја користи украинската армија.
„Во овој момент постои прекин на дигиталниот телевизиски сигнал“, изјави регионалниот гувернер на воената администрација Олех Синехубов. Додаде дека немало жртви, бидејќи работниците биле о засолништа.
Снимките на украинските телевизии покажуваат како главниот столб на кулата се прекршил и паѓа додека високо во небото се крева облак од чад. Во прилозите се наведува дека не е јасно што ја погодило кулата, но функционери од Харков велат дека Русија веројатно во овој напад користела крстосувачка ракета КХ-59, постар но модифициран проектил кој се покажа дека украинската противвоздушна одбрана тешко може да го пресретне.