
Од досега 10 отсто обработени гласови, неофицијално, професорката Гордана Силјановска Давкова е во големо водство пред Стево Пендаровски. Таа има добиено 44,56% од гласовите на граѓаните, а Пендаровски 18,36%.
Зад нив е Бујар Османи со освоени 14,8% од обработените гласачки ливчиња.
Арбен Таравари освоил 9,44% од изброените гласови, а Димитриевски 6.95%.
Од овие изброени гласови, за Ванковска се изјасниле 3,82%, а за Јакимовски 0,69.
Неважечки се 2,09%.