
Актуелниот англиски правк Манчестер Сити со 4:0 на гости го совлада Брајтон и Хоув Албион во заостанатиот дуел од 29. коло на англискиот шампионат.
Сити поведе со прекрасниот удар со глава на Кевин де Брујнe во 17., а потоа следеа два гола на Фил Фоден во 26. и 34., а во вториот дел мрежата на домаќините ја затресе и Хулиан Алварез во 62. минута
Со оваа победа Сити стигна на второто место на табелата со 76 бодови, само еден бод помалку со натпревар помалку од водечкиот Арсенал и два бода повеќе со исто така натпревар помалку од третиот Ливерпул. Брајтон е 11-ти со 44 бодови.