Африм Гаши ја демантира информацијата за средба на Таравари со лидерот на ДУИ Али Ахмети. Таквата објава излегла, како што вели, затоа што максимата на Ахмети била раздели и владеј, но и за да создаде недоверба меѓу коалициските партнери.
-Нашата доверба помеѓу сите коалициски партнери е многу голема, господинот Таравари немаше никаква средба ниту со него, ниту со некој друг од ДУИ, немаше никаква понуда, така што тоа е тотално лажно. Навистина е срамно како еден многу сериозен медиум од Албанија и една таква политичка партија која сака да го добие уште еднаш гласот на Албанците на таков начин манипулира со граѓаните. Тотална лага е тоа што беше изнесено во јавноста, посочува Гаши, во врска со објавата на албанската „Топ Ченел“, во која беше наведено дека вечерта на 24 април Таравари тајно се сретнал и добил понуда од Ахмети.