Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци во републиката се одвива тековно по наместа влажни коловози. Намалена видливост од 50 100 метри поради, магла имаме кај Страцин, Делчево, Смојмирово, Тетово, Плетвар, Ресен, Охрид и Струга, информираат од Диспечерскиот центар на Јавното претпријатие „Македонијапат“.
Во клисурите и усеците можни се помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Делчево,Виница – Берово, Маврово-Дебар-Струга, Гостивар – Стража, Д.Капија – Удово и Катланово-Велес.
Дежурните екипи на ЈП Македонијапат се на терен и редовно ги оддржуваат проодни сите патни правци.