Во една гимназија во Келн денеска можеше да слушне пукање, а полицијата ја евакуирала зградата, јавуваат германските медиуми. Како што е соопштено, се трага за едно триесетгодишно момче во црна кожена јакна.
Германија е чувствителна на вакви ситуации кои можат да се претворат во крвопролевање, посебно по масакрот во гимназијата Гутенберг во Ерфурт. Во неа пред десет години масакрот го изврши поранешен ученик на тоа школо кога уби 16 ученици, наставници, секретарката и полицајците.
Иако полицијата се уште не ги потврдила информациите за пукањето во гимназијата во Келн, медиумите јавуваат дека постојат индиции дека во зградата се уште се наоѓа вооружениот ученик.
Во разрешувањето на овој случај, ангажирана е специјална единица на германската полиција која добива воздушна техничка поддршка.