Исчезна пензионер од Велес, ако имате информација пријавете

Исчезна шеесет и четири годишниот пензионер Киро Кимов од Велес. Роднините бараат помош од граѓаните доколку го забележат лицето на фотографијата да пријават во најблиската полициска станица или на телефонскиот број 192.

Последен пат Кимов бил виден на 21 септември, годинава, во близина на домот во Велес.Тој на себе носел кафеава блуза со кратки ракави, фармерки и бели патики.Од тогаш му се губи трагата.

Исчезнувањето на велешанецот го потврдија и од полициската станица во Велес од каде соопштија дека превземаат мерки за пронаоѓање на исчезнатото лице.