ВИДЕО: Еве зошто руските градежници се најлуди на свет

Малку веројатно дека некој нормален би се обидел да направи вакво нешто, но сигурно е дека градежници од Русија не се плашеле кога се одлучле на ваков потег.

По којзнае кој пат Русите докажаа дека се сосема луд народ. На оваа снимка може да се види како градежни работници воопшто не се грижат за својата безбедност.

Додека работеле на една зграда, багерот го поставиле на врвот од објектот за да ги завршат градежните работи. И сето тоа би било нормално, доколку еден од работниците не седнал во „лажицата“ на багерот, која го спуштила еден кат надолу за да може да ја откачи бетонската конструкција.  На крајот успеал во својата намера, а притоа имал и неверојатна среќа ништо да не тргне лошо.