ВИДЕО|Кина лансираше сонда која ќе собира примероци од темната страна на Месечината

Кина во петокот започна двомесечна мисија без екипаж за собирање примероци од темната страна на Месечината, што е првпат некоја земја да го стори тоа.

„Долгиот марш-5“, најголемата кинеска ракета, беше лансирана во 17,27 часот по времето во Пекинг од центарот за лансирање Венчанг лоциран на јужниот остров Хаинан. Ја носи осумтонската лунарна сонда „Chang’e-6“. Целта на сондата е да слета на далечната страна на Месечината, онаа која секогаш гледа подалеку од Земјата, каде што ќе собира примероци.

Ова лансирање е нова пресвртница во вселенската програма на Кина.

„За нас е малку мистерија како Кина успеа да развие толку амбициозна и успешна програма за толку краток временски период“, изјави Пјер-Ив Меслин, француски научник кој работеше на една од научните цели на мисијата.

Претходната мисија „Chang’e-4“ во 2018 година беше првото вселенско летало без екипаж што слета на темната страна на Месечината, а во 2020 година „Chang’e-5“ врати примероци од природниот сателит на Земјата првпат по 44 години.

Мисијата лансирана во петокот би можела да биде првата што ќе донесе примероци од страната на Месечината која нокогаш не е видлив од Земјата.