Македонија денеска го одбележува и 5 мај – Денот на македонскиот јазик. На денешен ден во 1945 година, со решение на Народната влада на Федерална Македонија, во 1945 година е усвоена азбуката на македонскиот јазик врз принципот еден глас – една буква, а набргу потоа, на 7 јуни истата година, е усвоен и првиот Правопис на македонскиот јазик.
Македонската азбука е заснована врз фонетскиот принцип, што значи за секој одделен глас во јазикот има буква во азбуката.
Азбуката првпат била отпечатена во весникот „Нова Македонија“, во празничниот број 104 од 4, 5, 6 и 7 мај 1945 година.
Кодификацијата на современиот македонски стандарден јазик се заокружува со делата на Блаже Конески – Граматиката на македонскиот литературен јазик, Речникот на македонскиот јазик и Историјата на македонскиот јазик.
Македонскиот јазик беше еден од службените јазици и во поранешна Југославија заедно со, српскохрватскиот, кој тогаш беше така наречен и словенечкиот.
Две азбуки биле употребувани во Југославија: латиницата и кирилицата.
На 8 април 1993 година, на приемот на Република Македонија во ОН, за прв пат одекна македонскиот јазик во Генералното собрание.
Делегацијата на ЕУ традиционално на Европскиот ден на јазиците организира бројни настани за важноста на учење повеќе јазици и за тоа колку Европа ги поддржува различните јазици кои се говорат.
Македонскиот јазик е меѓу десетте светски јазици на кои Вселенската патријаршија ги објавува посланијата на Патријархот Вартоломеј.
Оваа година е донесен и Законот за употреба на македонскиот јазик кој содржи многубројни решенија за градење соодветна јазична политика, дополнителни механизми што се во функција назајакнување на почитувањето на македонскиот стандарден јазик и неговата правилна употреба.