
Премиерот Никола Груевски, денеска ќе присуствува на промоција на 11 нови наслови на книги кои се дел од проектот „Превод на 1000 стручни, научни книги и учебници од кои се учи на врвните, најдобрите и најреномираните универзитети во САД и Англија, а од областа на правото во Франција и Германија“.
Настанот ќе се одржи во читална „1000 книги“, во Градскиот трговски центар, а почетокот е предвиден за 12:30 часот.
Најновите изданија, како и сите претходно преведени и промовирани наслови, освен во читалната во Градскиот трговски центар во Скопје, ќе бидат дистрибурани во универзитетските, факултетските и народните библиотеки, а по пристапни цени ќе може да се купат и во книжарниците и е-продавниците на издавачките куќи.