Унгарија верува дека Кина е столб на мултиполарниот свет кој се обликуваше во последните децении, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан за новинарите по неговиот разговор со кинескиот претседател Кси Џинпинг во Будимпешта.
Орбан истакна дека светот неодамна претрпе сериозни трансформации, бидејќи светскиот поредок се промени и стана мултиполарен.
„Сега кога имаме мултиполарен свет, столбот на овој мултиполарен свет е Народна Република Кина. Таа игра клучна улога во глобалната политика и економија“, рече Орбан.
Зборувајќи за добрите односи меѓу двете земји, Орбан потсети дека Унгарија секогаш се придржувала до принципот „една Кина“.
„Унгарско-кинеските односи бележат постојано нераскинливо пријателство низ децениите“, рече премиерот.
Орбан е убеден дека Унгарија iКина никогаш нема да станат противници.
Премиерот се осврна и на заемно корисните економски врски, растечките инвестиции и трговската размена меѓу двете земји, што резултираше со десетици илјади нови работни места во Унгарија. Според пресметките на унгарската влада, кинеските инвестиции во економијата на земјата сега надминуваат 16 милијарди евра.