Годинава, на 18 мај 2024 година, со почеток од 10 часот, во „Панорамика Дизајн Хотел“ ќе се одржи третиот по ред регионален „Марили Бизнис Форум“.
Овогодишната тема е „Екологија и здрава храна – фактори за одржлив развој“. Модераторите, како и панелистите доаѓаат од реномирани и докажани македонски и регионални компании, и во три панел сесии ќе се обидат да дадат одговори на многу прашања и да понудат нови идеи и решенија.
Вовед во сесите ќе биде анализата за „Климатските промени и зеленото кредитирање од перспектива на Народната банка“, изготвено и презентирано од советник на гуверенерот на Р.С. Македонија.
Првата панел сесија е насловена „Циркуларна економија – нови бизнис модели и практики, втората панел сесија е посветена на „Здрава храна – тренд или предуслов за здрав живот и економски развој, додека пак третата, последна сесија е насловена „Автоматизација и дигитализација во областа на човечките ресурси“
Гости на Форумот се и членките на Марили Бизнис Клуб, кој го сочинуваат најдобрите жени менаџери, кои биле дел од наградените во изминатите години. Тие даваат поддршка на сите проекти на „Марили“, едукативни, хуманитарни, и го поддржуваат јакнењето на лидерството.