Времето утре претпладне ќе биде сончево со умерена облачност. Попладне наместа ќе има зголемена облачност со краткотраен пороен дожд и услови за ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Во Скопје сончево со умерена, а попладне со зголемена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе се движи од 5 до 11 степени, а максималната од 15 до 26 степени. Во Скопје од 9 до 24 степени.