
ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 30 aприл.
Денеска е Св. апостол Јаков Заведеев.
Свети Јаков е брат на богословот и евангелистот Јован. Тој беше меѓу неколкумината најблиски Христови ученици. Со него беше на Гората на Преображението, во Гетсиманија… Него и брат му Јован Христос ги нарече синови на громот, поради нивната искрена и пламена вера.
По Христовото вознесение тој останува во Ерусалим, а од книгата Дела апостолски дознаваме за неговата маченичка смрт во времето на Ирод Агрипа Први (44 година).
Подоцна, моштите му се пренесени во Шпанија. Постои предание дека таму и проповедал, но не може да се земе како веродостојно.