Русија го шири харковското боиште со напади во мали групи, вели гувернерот

Русија во понеделникот започнала копнен напад врз украинската област Харков, напаѓајќи нови области во мали групи за да се обиде да ја прошири линијата на фронтот и да ги рашири украинските сили, рече регионалниот гувернер.

Рускиет сили влегоа во петокот во близина на нејзиниот втор град по големина и најзначаен центар во воено-индустрискиот комплекс – Харков, со мнозинско руско и рускојазично население, отворајќи нов североисточен фронт во војната што се води главно на исток и југ речиси две години. Напредокот може да повлече дел од ослабените сили на Киев од исток, каде што Русија бавно но континуирано напредува.

„Непријателот се обидува намерно да ја растегне (линијата на фронтот), напаѓајќи во мали групи, но во нови насоки, така да се каже“, рече гувернерот Олех Синиехубов во телевизиските коментари. „Ситуацијата е тешка“, рече тој.

Еден ден по почетокот на, како што тврди Киев – руската офанзива, Украина го назначи бригадниот генерал Михаило Драпатиј да ја преземе командата на Харковскиот фронт, објави медиумската куќа РБЦ-Украина. Драпатиј претходно го водеше заземањето на јужниот регион Херсон во ноември 2022 година по повллекувањето на руската војска на левиот брег на Дњепар, пред да биде назначен како заменик началник на Генералштабот.

Украина е во дефанзива, за што вели дека е последица на повеќемесечното забавување на испораката на западната, особено американската воена помош, што ѝ даде на Русија уште поголема предност во бројот на војници и муниција. Меѓутоа, Киев има големи проблеми и во регрутирањето на дополнителни војници.

На североисток, руските сили притискаат во неколку правци, вклучително и во близина на градот Вовчанск, а исто така и кон селото Липци, рече Синиехубов. Силите на Киев требаше да возвратат на московските трупи, но постои реална закана дека борбите би можеле да се прошират во нови населби, предупреди тој.

Русија во неделата објави дека освоила девет села во областа Харков. Во понеделникот беше кажано дека војниците ги подобриле своите позиции и им нанеле загуби на силите за територијална одбрана на Украина.

Украинската војска, во својот дневен извештај, призна некои руски „тактички успеси“ и рече дека распоредува резерви за да ја стабилизира ситуацијата. Се вели дека се водат борби за контрола на Вовчанск, на околу пет километри од руската граница. Синиехубов рече дека околу 5.700 луѓе се евакуирани од Вовчанск и околината и ги повика преостанатите жители, кои според локалните власти се околу 300, да си заминат.