Сакаат да ни одземат два мандата, обвинува ДУИ

Македонските политички партии во координација со коалицијата „Влен“ сакаат преку ДИК да му одземат еден до два пратенички мандата на „Европскиот фронт“, обвини коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ денеска на прес-конференција.

– Политичките чинители во земјава, првенствено македонските политички чинители во координација со „Влен“ настојуваат по секоја цена да влијаат во ДИК за на „Европскиот фронт“ да му се одземат еден до два мандати со цел „Европскиот фронт“ да не биде втората политичка сила во Македонија. Ова е кривично дело и „Европскиот фронт“ ќе ги преземе сите демократски средства да се оневозможи една ваква злоупотреба –  изјави Скендер Реџепи, лидер на партијата „Народно движење“ која е дел од „Европскиот фронт“.

Според Реџепи, нема никаква логика партија која има победено во одредени избирачки места да поднесува приговори за тие избирачки места.

– Нема логика, освен ако единствена цел е да му се оневозможи на „Европскиот фронт“ да биде втора политика сила во земјата, иако легитимитетот го има добиено на демократски начин – рече Реџепи.

Во Државната изборна комисија во тек е разгледувањето на приговорите поднесени за изборните резултати. До ДИК се поднесени 27 приговори од кои девет се од коалицијата „Влен“, осум од ВМРО-ДПМНЕ, пет од СДСМ