Ја убил малата Данка, па седнал да руча!

Дејан Драгијевиќ, осомничен за убиството на Данка Илиќ (2) во Бор, е обвинет дека со автомобил го удрил детето, а потоа ја давел со Срѓан Јанковиќ, колега од Борското јавно комунално претпријатие „Водовод“, а со денови до неговиот апсење, живеел како да не сторил грозоморно злосторство, пренесува Информер.рс.
Светлана Драгијевиќ, мајката на Дејан, и покрај неговото признание дека ладнокрвно го убил детето, не верува дека тоа е вистина.
Таа на новинарските екипи им го покажала местото каде, на денот на убиството, нејзиниот син вообичаено ручал со семејството во нивниот дом во селото Злот.

-Ништо не беше поразлично од вообичаеното. Ручавме во викендицата кога Деки се врати од работа околу четири и пол и потоа направи некои вообичаени работи – изјави Светлана Драгијевиќ.

Инаку, Светлана не даде исказ во обвинителството и го искористи своето законско право да не сведочи како најблиска.
Покрај Дејан, кој го признал делото и детално раскажал што и како го направил кобниот ден со детето, тој рече дека по злосторството телото го фрлил на депонијата Старобањска, но дека два дена подоцна го преселил со неговиот татко Раде и брат Далибор, но одбива да каже каде.