Силјановска Давкова на средби со евроамбасадорот Гир и италијанскиот амбасадор Силвестри

Претседателката Гордана Силјановска Давкова, денеска 14 мај 2024 година, вторник, ќе има важни средби во Вила Водно.

Таа ќе ги прими амбасадорот на Италијанската Република, Андреа Силвестри во 12:00 часот и шефот на делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Дејвид Гир во 13:30 часот.