Неофицијално: Осомничениот убиец од Стајковци хоспитализиран со убодни рани

Попладнево во пукање во скопско Стајковци убиени се две лица, објави порталот skopje1.mk.

Неофицијално, повозрасен маж ги убил братот и снаата, по што самиот се избодел. Во моментов е хоспитализиран во болницата „Свети Наум Охридски“, неофицијално потврдуваат од СВР Скопје.

Се очекува подоцна во текот на денот Министерството за внатрешни работи да излезе со официјални информации за трагедијата.